Петар Печков
Објавено: вторник, 10 јуни 2014
Крајот на учебната година значи и почеток на летните радости за учениците и помладите. Тие се најчестите посетители и капачи на Градскиот базен и езерото Младост. Токму затоа од денес до крајот на сезоната за капење на овие простори има спасителни екипи кои ќе внимаваат на капачите и посетителите. Тие се од Здружението за безбедност на вода и планини,,Македонски спасител,,.
Како професионално ангажирани спасители ќе бидеме присутни постојано на базенот Снупи. Додека во викенд деновите и празниците на двете плажи на езерото Младост. Наша препорака за ваша безбедност е да ги почитуваат препораките на присутните спасители. Не скокајте, не правете работи кои можат да го загорозат вашиот и животот ан другите капачи – рече Ангел Пановски претседател на Здружението.
На езерото Младост се присутни на прва и втора плажа со по петмина додека на Градскиот базен се по три лица.
Tweet |