Петар Печков
Објавено: вторник, 02 декември 2008
Велешанецот Стефан Петров (45 год) доби казна од 3 години и десет месеци затвор за кривичното дело измама. Петров е осуден во отсуство бидејќи е во бегство и не е достапен на македонската полиција и правосудство. Тој како сопственик на фирмата „Биг –Банг“ е обвинет дека олеснил негови сограѓани за 90 илјади евра за два одвоени случаи за што доби по две години затвор по што му беше изречена единстена казна во времетраење од 46 месеци.
Според обвинението Петров на лицето К.С. во март 2006-тата, му побарал 60 илјади евра, со образложение дека итно му требале за плаќање на железо, со обврска да ги врати за неколку дена откако истото ќе го продаде и ќе му доплати плус пари. Откако парите ги земал и по неколку месеци не ги вратил, оштетениот случајот го пријавил.
Во друг случај Петров, во јуни 2007-ма, на лицата Р.Ј. и К.Т. им ветил дека во нивно име ќе ги продава градежните материјали, кои тие ги подигнувале од Киро Ќучук, а по повисока цена и парите ќе им ги уплатува на нивна сметка. Откако биле испорачани десетина камиони со цигла, Петров не исплатил ниту еден, по што оштетените го пријавиле во полиција кој ја открила неговата измама.

Tweet |