Петар Печков
Објавено: четврток, 16 ноември 2006
Шеснаесетгодишните велешани С.У. и Ѓ.З. вчера беа осудени на по 7 години затвор за убиството на Јованка Ковачева (93), во август годинава во Велес. Судијата во Основниот суд Велес, Шефшет Адеми, ги прогласи малолетниците виновни за убиство и донесе одлука казната да ја одлежат во малолетничкиот дом во Охрид. Обвинителството изрази задоволство од изречената казна, иако станува збор за постари малолетници, а според законот, тие можеле да добијат и максимална затворска казна од 10 години.
Иако двајцата малолетници на судењето се бранеа дека на денот на убиството биле на свадба, таткото на едниот од нив посведочил дека свадбата била неколку дена потоа. Во истрагата биле најдени и каменот и стапот со кој децата ја убиле старицата, а на облеката на едниот од малолетниците имало капки крв што и\' припаѓале на жената.
- Казната нека им послужи за памет што најубавите години од животот ќе ги минат во затвор. Мајка ни нема да ја врати никој назад меѓу живите, но жално е што имаше таква смрт од млади деца - изјави Цветанка Ковачева, една од четирите деца на починатата.
Родителите на осудените изјавија дека сочувствуваат со болката на блиските на убиената и велат дека законот треба да се почитува за секој што сторил вакво дело.
Според обвинението, С.У. и Ѓ.З. на 23 август влегле во куќата на Ковачева и побарале од неа 100 денари. Иако таа во претходните наврати им давала пари, овој пат ги одбила, што било причина двајцата малолетници сурово да ја убијат. С.У. со камен двапати ја удрил во челото, а потоа продолжил да ја тепа со стап. Потоа заедно со Ѓ.З. ја превртеле и продолжиле да ја маваат со стапот. Од обдукцијата било утврдено дека Ковачева починала веднаш од повредите на главата.

Tweet |