речник контакт

Пресуда за „Инвестас“

Велешкиот суд се прогласи за ненадлежен во процесот во кој Инвестас си ги бараше назад парите од данокот на промет.

Петар Печков

Велешкиот суд се прогласи за ненадлежен во процесот во кој Инвестас си ги бараше назад парите од данокот на промет.

Бидејќи ова дело било за управна постапка а не за судска, судот го отфрли барањето Општина Велес и Министерството за финансии  со УЈП на Инвестас да му ги вратат средствата во висина од 17 милиони денари, кои тоа ги платило по приватизациајта на МХК Злетово.

Поголемиот дел од парите 13 милиони се одлеале на сметката на УЈП, додека 2 милиони денари добила општината, додека 2 милиони денари Инвестас ги бараше за камата. Истата подоцна беше поништена, по што Инвестас реши парите да ги бара назад, но и општина и УЈП одбиле тоа да го сторат.

Истовремено ЈКП Дервен, сопственост на градот не може да ги наплати извршните решенија со кои Инвестас должи за потрошена а неплатена вода за период од четири години, во висина од 9 милиони денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »