Петар Печков
Објавено: четврток, 21 април 2016
Укината е првостепената пресуда за убиството в о село Ореше, на Основен суд Велес со која Горе Петровски обвинет како нарачател беше осуден на 13 години додека обвинетите браќата Љупчо и Ордан Горгиевски беа осудени на по 10 години затвор .Апелациониот суд од Скопје ја врати на повторно судење кое е закажано за први јуни.
Ова е информацијата објавена на веб страната на велешкиот суд, без дополнителни информации, зошто пресудата е укината и коли се напатствијата по кој треба да се постапи.
Целиот предмет е без материјални докази и се темели на изјава на заштитен сведок, која беше менувана во текот на судењето. Има пропусти во истрагата и единствено праведна пресуда е ослободителна - изјави Коста Нојков бранител на Петровски.
Ова беше четврта пресуда за ова дело. Со првите две пресуди обвиентите беа прогласени за виновни и добија по 12 години затвор а со третата добија ослободителна пресуда. Според обвинението Ордан и Љупчо Георгиевски го усмртиле старецот Лазо Милошевски ( 71 год) на 2-ри декември 2005-тата година, додека тој во неговата куќа подготвувал вечера. Од соседниот двор од триесетина метри растојание околу 20,40 часот биле истрелани два куршуми од кои едниот завршил во Милошевски и бил фатален за него.
Старецот е пронајден мртов од соселаните следното утро. Обвинителството смета дека убиството било извршено заради одмазда и за пари по нарачка на Ѓоре Петровски, кој тогаш живеше на Флорида во САД.
Tweet |