Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 јуни 2014
Уште едно одбиено обвинение против велешкиот бизнисмен Илија Тепев кој е во бегство, но затоа директорот Крум Ставров доби четири години затвор а конфискуван му е имот. Ова се однесува за двајцата кога биле раководни лица во Транс Велес.
Обвинението против Илија Тепев како извршен директор на Транс Велес за даночно затајување од 13 милиони денари беше повлечено поради застареност. Тој се товареше дека во периодот од 14 месеци од јануари 2003-та до февруари 2004-та, додека бил извршен директор на Транс Велес, како спонзор на РК Борец не платил персонален данок во износ 13 милиони денари за исплати на аванси од плати, договори за дело и спонзорство.
Затоа пак Крум Ставрев, државјанин на Република Бугарија, недостапен на македонските органи е осуден на 4 години затвор и му се конфискува имот од 10,3 милиони денари за сторено кривично дело даночно затајување. Тој како извршен директор на Транс Велес во периодот од 27 февруари .2004 година до 31.декември .2006 година, во три наврати за 2004-та за 2005-та и 2006-та не платил персонален данок за аванси од плати, договори за дело и здравствени услуги во вкупен износ од 10,3 милиони денари.
Изминатите години против Тепев имаше повеќе обвиненија за сторен финансиски криминал, за едно доби една година затвор а дел се отфрлени
Tweet |