Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 август 2015
Покрај Малото Мовче од денес се наоѓа мрша од цркнат коњ. Неа ја фрлиле сопствениците, откако претходно коњот повеќе не можел да им служи за превоз. Здруженијата на граѓани кои се грижат за животните реагираат за ваквата состојба, исто како и велешани кои попладнево минеа по Мало Мовче.
Претоварен, непоткован, слаб. .Ретко кој ги спомнува овие животни, коњите во градов!Треба ли полошо да се случи, за тој што го чува законски да постапи со нив?! Резултат од тоа е што мршата од коњот е фрлена кај Малото мовче и сега на овие температури може да се предизвика само некоја болест. Каде се надлежните за да го испитаат случајот и побараат одговорност од тие што го чуваа коњот. Кој ќе го крене телото од реката, до кога ќе смрди - прашуваат од Здруженијата а нa граѓани ,,Четири ноџиња,, и ,,Обезбеди живот,,, кои заеднички го актуелизираат проблемот со третманот на коњите, кои се чуваат во домашни услови, за физичка работа.
Како илустрација за лошито однос кон овој коњ е фотографијата од кривините кон Болница, од неделата попладне, кога коњот изнемоштен и претоварен, паднал и не можел да се крена, да продолжи да оди, иако била удолнина.
Помогнале соседите возачите на автомобилите,кои запреле и го кренале коњот. Набргу по овој инцидент во водите на Вардар, среде Велес е забележано телото на коњот, како е фрлено во реката. Згора на тоа сега во пошироката околина се шири неподнослива миризба.
Tweet |