речник контакт

Претпладневниот патнички воз од Скопје заглави 90 минути на станица Рајко

Причина локомотивата се расипала

Петар Печков

Патниците кои претплатно патуваа со патничкиот воз  од Скопје за Велес, непланирано наместо 50 минути патуваа дополнителни 90 минути. Или според возениот ред требаше да биде во Велес  во 10,05, тој стигнал на пладне околу 12ч.  

„На железничка станица Рајко локомотивата не можеше да тргне и чекавме од Драчево друга локомотива. Дали беше расипана или нешто не беше во ред со инсталацијата, железничарите не кажаа, но рекоа дека ќе дојде друга локомотива да не одвезе за Велес“ - вели патничка која била во возот.
Веднаш по пристегнувањето во железничка станица Велес, патничкиот воз се вратил назад за Скопје, според возниот ред од 12.10ч.

Дотраениот возен парк на локомотивите се причина да има случаи патничките возови да доцнат. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »