Петар Печков
Објавено: петок, 11 октомври 2024
Претпладнево после 10ч. земјотрес е почувстуван во околината ан Демир Капија. Јачината според Европските мерни станици е 3,2 на длабочина од 6 км. На 93 км источно, југо источно од Скопје и на 13км северено, североисточно од Демир Капија во близина на Конче. Според нив земјотресот бил во 10:07:02 часот.
За истиот земјотрес стигна информација од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, чија телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на територија на државата, утринава на 11.10.2024 година, во 10 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Неготино и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Tweet |