речник контакт

Претпладнево на Инфективно почина 78 годишен маж од Велес, позитивен на ковид-19

На Инфективното одделение има хоспитализирано 41 пациент, 36 се потврдено позитивни, четворица се пуштени дома

Петар Печков

Нова жртва на ковид-19 од Велес, претпладнево на Инфеткивното одделение  почина маж на 78 годишна возраст. Тој е 31-ва жртва на последиците од корона вирусот.

Пациентот е примен пред два дена, во тешка општа состојба, со мозочно крвавење, тестиран и позитивен на ковид-19 - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

На Инфективното одделение има хоспитализирано 41 пациент, четворица претпладнево се пуштени дома како оздравени а по два негативни теста.  36 лица се потврдено позитивни а петмина се сомнителни со симптоми но без потврда дека имаат корона вирус. Единаесет пациенти се на кислородна поддршка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »