Петар Печков
Објавено: недела, 26 декември 2021
Хуманитарна акција на здружението "Велес бајкинг" и здружението "Нула гладни во Велес" со која денес претпразнично се поделиле топли оброци.
Во акцијата учестувала и Општинската организација на Црвен крст од Велес преку нејзините волонетри. При тоа биле поделени 350 топли оброци за лица и семејства од социјален ризик и со ниски примања. Акцијата е реализирана со помош на „Гостилница Боем“.
Акцијата ја поомогнале повеќе пријатели на организаторот "Велес бајкинг“ како и фирма донатот, која сакала да остане анонимна. Ваква хуманитарна акција ќе се одржи и на 31-ви декември и на 6-ти јануари.
Tweet |