Петар Печков
Објавено: четврток, 06 јули 2023
Полициски службеници, со обезбеден налог од судот, извршиле претрес во дом на велешанец и пронашле дрога. МВР со детали за претресот.
„На 05.07.2023 (среда) во 10.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Велес лишен е од слобода А.А.(31 год) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени 19 пакувања со кафеава прашкаста материја“ - соопштија од МВР.
Лицето било приведено и задржано во Полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во текот на вчерашниот ден, среда, во Штип при претрес во дом на штипјанец, домаќинот О.М.(45 год) и велешанецот И.Д. (31 год) биле уапсени од страна на полицијата, оти биле пронајдена дрога.
Tweet |