речник контакт

Претседавачот Љутков си даде оставка од позицијата претседателот на Советот

Оставката ја поднесувам од лични и од идни причини - кажа Љутков

Петар Печков

Претседавачот на Советот на Општина Велес, актерот Зоран Љутков си даде оставка на оваа позиција. Тој ги образложи причините за овој негов чин. Името на актерот Љутков е на листата на Христијан Мицковски, кој доби мандат за премиер, како кандидат за министер за култура.

„Оставката ја поднесувам од лични и од идни причини. Сакам да се заблагодарам на сите за досегашнта соработка. Мислам дека имавме одлични 50 седници на Советот.  Се надевам дека ги исполнив вашите очекувања, се трудев да бидам максимално коректен кон сите, да ве испочитувам сите. Простете за некои грешки,што сум ги направил како претседател на Совет.  Едно е јасно, дека досега не сум го прекршил Законот, ниту Деловникот, оти кога сум имал сомнение сум се консултирал, а сите пријави кои беа пуштени за некое наводно кршење на  Законот или Деловникот,  инспекциите констатирале дека не е така, туку дека сум ги почитувал и Законот и Деловникот“ – кажа Љутков.

За соработката со него се заблагодари градоначалникот Марко Колев.

„Оваа соработка треба да бдие пракса како една градоначалник и еден претседател на Совет, треба да функционираат и во иднина. Во изманатите две и пол години сме немале ниту еден проблем, сме ги решавле на маса. Немало спорна точка на дневен ред, заеднички  настапувавме, лобираме во интерес на грѓаните. Таква соработка секој би посакал“ – кажа Колев.

Благодраност изрази и новата координаторка на советничка група на СДСМ Пандорка Прличкова.

„Имавме и убави и помалку убави моменти во изминатиот период, секогаш во рамките на нормалата. Ви посакуваме успешна кариера натаму во животот. Ви благодариме за се“ – порача Прличкова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »