Петар Печков
Објавено: петок, 05 ноември 2021
Актерот Зоран Љутков е претседател на Советот на Општина Велес. Денес на седница него го изгласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, чиј носител на листата беше, подржани од ДУИ и Левица.
ВМРО-ДПМНЕ има 11 советника еден помалку од потребното мнозинство, додека со ДУИ со еден и Левица со три, имаат 15 советници, додека СДСМ има осум. На денешната седницата присуствуваа 22 советника и за Љутков гласаа 14 советника. Тој беше предложен од координаторот на советничката група не ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Митревска, Анѓелеска. Противкандидат предложен од координаторот на советничката група на СДСМ, Марјанчо Николов беше Ќирил Гајдов. Николов кажа дека Гајдов треба да биде избран бидејќи бил претседавач во последната година на претходниот состав, не користел службено возило, службен мобилен телефон и службена репрезентација и ручеци. Тој доби осум гласа.
„Често зборуваме дека ќе работиме чесно, транспарентно во интерес на граѓаните. Со самото тоа што сме се нафатиле да го работиме ова, се подразбира дека ќе работиме чесно и транспарентно, во интерес на граѓаните. Очекувам дека во наредните четири години, одлуките ќе ги носиме со 23 гласа „ЗА“ - кажа Љутков, кој беше носител на листата за советници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Советникот на ДУИ Невзат Муаремовски не даде изјава, но за ТРМР се огласи претседателот на огранокот на ДУИ за Велес Салија Локман.
„Нема да коалицирање со никого, ќе делуваме самостојно. Ќе ги поддржуваме проектите кои се во интерес на граѓаните. Било која партија да предложи нешто добро, ние ќе поддржиме“ - кажа Локман.
Од политичката партија Левица со сличен став.
„Нема да коалицирање со никого, нема формална коалиција со ниту една партија која е дел од Советот. Ќе ја поддржиме ВМРО-ДПМНЕ која победи на локално ниво во изборот на претседател на Советот и некои значајни проекти, а за возврат поддршка на шест наши проекти“ - рече Игор Смилев, советник од Левица.
Тој ги кажа условените проекти, тоа биле престанок на партиски именувања на раководители и директори на локално ниво ио партиски вработувања, итен избор на еколошки инспектор со политички консензус, укинување на зонскиот платениот паркинг, пренос на седниците во живо, но не само на јутјуб и фејсбук туку и на локална тв, спроведување н јавни анкети за значајни работи во градот, изградба на стационар за кучиња.
Tweet |