речник контакт

Претседателот Иванов ги посети војниците од велешкиот гарнизон (фото)

Иванов, кој додели телевизор, не прецизираше дали ќе влезе во претседателска трка на пролетните избори

Петар Печков

Претседателот Иванов на првиот ден од Новата година беше во посета на Гарнизонот Алексо Демниевски Бауман  во  Велес. Тој на војниците и припадниците на Армијата им подари телевизор. Не прецизираше дали ќе влезе во претседателска трка на пролетните избори.

Традиционално првиот ден во Новата година сум со припадниците на АРМ. Честитајќи им ја Новата година им посакав да им се исполнат желби а од името на граѓите на Република Македонија им посакав огромно благодарам за се што прават  за земјата, обавувајќи ги професионалните обврски. Ова е момент да им ги честитам празниците и на припадниците на мировните сили во странство да ги поздравиме и им ја честитаме Новата година. Посакуваме како и секоја година, и оваа, желбата е да се оствари стратешката цел, влез во НАТО. – изјави претседателот Ѓорги Иванов.

Не одговори на новинарското прашање, дали и до година ќе биде во ситата улога, да им ги честита празниците на војниците, како претседател на државата. Само кратко рече ,,Има време, кога ќе дојде моментот ќе се соопшти одлуката,,.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »