речник контакт

Претседателот Иванов на гости во Велес

Ги посети локалната власт,фабриката Маркард и Повардарска Епархија

Петар Печков

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов беше во посета на Велес. Во неколку часовниот престој тој  ја посети единицата на локалната самоуправа, Повардарската Епархија и германската фабрика Маркард.  

Во оваа фабрика која вработува околу 200 лица, најмногу  велешани, Иванов од страна на  Волфган Ајхер, генерален менаџер   на Маркард во Македонија,  беше запознаен со производниот просец  преку видео презентација и посета на работните хали.  

При работата средба со претседателот Иванов, тој се интересираше каква е состојбата во општината и градот, како било пред неколку години, како е сега.  Му објаснивме дека пред се е отворањето работни места па потоа инфраструктурите работи. Презентирани беа и културните случувања во градот.  Посетата на Повардарска Епархија беше протоколарна,а Владиката и претседателот Иванов се стари пријатели. Престојот завршува со средба со бизнис заедницата од  Повардарјето, каде главен град е Велес   - изјави градоначалникот Чадиев.  

Престојот  на претседателот Иванов  заврши со ручек во хотел Гарденија. Тој не даде изајва за  целта и посетата на Велес.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »