Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 септември 2019
Претседателот Стево Пендаровски засади садници на јапонски кедар, на опожарената површина во околината на велешко езеро Младост. Беа засадени 30-тина садници кои ги обезбеди локалната власт додека големото пошумување ќе се случи на 9-ти ноември Денот на Општина Велес. Денес на терен беше војската и вработени во ЈКП Дервен кои ги сечеа изгорените дрвја, отсуствуваа вработените од ШС ,, Бабуна,, при ЈП македонски шуми.
Запрепастен сум од ова што го видов на лице место. Едно се новинарските извештаи, снимки кои ги гледаме дома, седејќи пред телевизорот. Уништени 4509 хектари за само едно пладне и попладне е многу. Јас како врховен командант на армијата дадов согласност да се користат и авионите и хеликоптерите и војската во гаснењето на огнот. Ве уверувам дека армиските ресурси беа употребувани до техничкиот максимум, не само во велешко туку и на сите пожари во земјава летово - изјави Пендаровски.
Со оваа активност, Пендаровски ја започна активноста, која ја најави во изборната кампања, средби ,,лице во лице со претседателот,,. Тој престојуваше во Велес и оствари средби со поединци, институции за да ги види, како што посочи проблемите и предизвиците со кој се соочуваат граѓаните.
Идејата не проектот е наместо поранешната пракса, граѓаните да доаѓаат и се поплакуваат на политичките авторитети, претседателот да дојде кај нив и да ги праша, што им треба, кој им се проблемите, како да им помогнеме. Разговараме и за убавите примери, како што беше случајот со Светозар Богдановски, за кој јас не сум слушнал а е светски мајстор за изработка на виолини - рече Пендаровски. Тој најави вакви средби со граѓаните, ќе има два пати месечно.
Tweet |