Петар Печков
Објавено: среда, 08 мај 2024
За Прeтседателските избори втор круг во ОИК Велес запишани се 44.858 гласачи како и за првиот а за парламентарните 44.954 гласачи. Тие гласаат на 84 избирачки места. Во текот на вчерашниот ден, вторник гласаа болните и изнемоштените. За ОИК Велес биле запишани 234 лица а гласале 219, наспроти 141 од првиот круг претседателски избори, пред две седмици. Евидентен е порастот на болни и изнемоштени лица споредено со првиот круг за претседателски избори. Во вторникот гласаа и затворениците од затворот во Велес. Пријавени биле 33 лица а гласале 27.
Во Општина Градско запишани гласачи се 3.019 за претседателски и 3024 за парламентарни избори, кои гласаат на 11 избирачки места. Имало 52 лица пријавени за гласање како болни и изнемоштени, а гласале 49. Пред 14 дена 41 лице беше запишано како болно.
Во Општина Лозово има запишано 1.913 за претседателските и 1922 гласачи за парламентарните избори, кои гласаат на 9 избирачки места. Имало пријавени 28 лица како болни и изнемоштени а гласале 27, додека пред 14 дена имало пријави за 17 лица за болни и изнемоштени.
Во Општина Чашка има запишано 6.082 гласачи за претседателските избори втор круг и 6089 за парламентарните, тие гласаат на 31 избирачко место. Како болни биле пријавени 127 лица дури 79 од избирачките места во Јаболчиште а гласале 82 за претседател и 111 за парламент, додека за првиот круг претседателски избори имаше пријава за 44 болни и изнемоштени лица.
Tweet |