Петар Печков
Објавено: вторник, 27 јуни 2017
На 52-тиот Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински, одржан во Прилеп, две награди доби велешкиот театар.
Наградата за костимографија доби Раде Василев додека за рекламен материјал Филип Коруновски. Тие се за претставата Ана Комнена.
Од 16-та награди за 12-те претстави главните отидоа за : претстава за целина ,, ТРУДНА ПРИКАЗНА“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје, за режија Љупчо ЃОРЃИЕВСКИ за претставата „ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип, за главна женска улога Јелена ЖУГИЌ за улогата на докторката во претставата „ТРУДНА ПРИКАЗНА“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје, за главна машка улога Јовица МИХАЈЛОВСКИ за улогата на ШАЈЛОК во претставата „ВЕНЕЦИЈАНСКИОТ ТРГОВЕЦ“ во изведба на Драмски театар - Скопје.
Наградата за женска епизодна улога се додели на Ева СКЕНДЕРОВСКА за улогата на НЕДА во претставата „ТРУДНА ПРИКАЗНА“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје, наградата за машка епизодна улога ја доби Жарко ДИМОСКИ за улогата на БОШКО во претставата „ТРУДНА ПРИКАЗНА“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје.
Наградени беа и: за млада актерка Сања РУСЕСКА за улогата на МИРА во претставата „Hi-Fi“ во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Театар Куманово за млад актер на Стефан ВУЈИСИЌ за улогата на ПОРЦИЈА во претставата „ВЕНЕЦИЈАНСКИОТ ТРГОВЕЦ“ во изведба на Драмски театар – Скопје, за сценографија Емил ПЕТРО за сценографијата во претставата „ФИГУРАЕ ВЕНЕРИС ХИСТОРИАЕ (ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА)“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, за современа сценска драматизација доделува на Љупчо ЃОРЃИЕВСКИ за драматизацијата на расказот на Живко ЏИНГО во претставата „ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип, награда за текст се додели на Благица СЕКУЛОВСКА за текстот „ТРУДНА ПРИКАЗНА“ во истоимената претстава во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје.
Наградени беше и Олга Панго за кореографија и сценски движења во претставата „ОТЕЛО“ во изведба на Турски театар – Скопје, додека Марјан НЕЌАК за музиката во претставата „ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип.
Фестивалските одлуки беа проследени со реакција на актерите од прилепски театар, кои на доделувањето изразија протест против одлуките на жирито и порачаа кажа дека публиката заслужува многу повеќе од хировите и личните интереси на членовите на жирито.
Tweet |