речник контакт

Претставата Едвард Втори со две награди на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински

Награда за млада актерка доби Јована Миладинова и награда за костимографија за Симон Мачабели и Раде Василев

Петар Печков

Две  награди за велешки театар, за претставата „Едвард втори“ на националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој се одржа во Прилеп. 

Награда  за млада актерка доби  Јована Миладинова која ја толкува насловната ролја на  Изабел де Валоа. Скопјанката Миладинова е студентка на  факултетот ЕСРА. 

Оваа претства е копродукција на Велешки театар и  Театарот од  Пловдив, Бугарија.  Награда за костимографија добија Грузиецот  Симон Мачабели и Раде Василев за „Едвард Втори“.

Претставата „Црна дупка“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица е најдобра претстава, а седум награди доби претставата „Иванов“ на МНТ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“.

На отворањето на фестивалот награда за животно дело доби актерот Јордан Витанов, заедно со колешката Мими Таневска Србиновска

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »