Петар Печков
Објавено: вторник, 26 септември 2023
Утревечер, среда, започнува 26 издание ан Фестивалот „Денови на комедија“ кој се одржува во Куманово. Тој започнува со претставата на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ „Синиот протокал“ од Џо Пенхол а во режија на Александар Ивановски.
Приказната во претставата е за двајца психијатари кои лекуваат млад шизофрен пациент, темата се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 20 век.
Во претставата настапуваат Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. Драматург на претставата е Катерина Момева, автор на музиката е Сашко Костов, сценографијата на Филип Коруновски.
Според статистиките, Денови на комедијата е најпопуларен театарски фестивал во државата, кој пак втора година по ред ќе има натпреварувачки карактер. Наградите за најдобра претстава, најдобра женска и машка улога, потоа најдобра сценографија, костимографија и најдобра режија ќе бидат доделени на 15 октомври.
Претставата „Синиот портокал“ е една од најгледаните на репертоарот на велешки театар, по премиерата, април 2017 година.
Tweet |