Петар Печков
Објавено: вторник, 12 јули 2022
Со претставата „Синиот протокал“ велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ја доби наградата од публиката за најдобра претстава на фестивалот „Актерот на Европа“ кој се одржа во Ресен. Претставата беше одиграна на 10-ти јули во т.н. „Сарајот“.
Овогодишното издание е 20-то на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2022.
За најдобра претстава во целина беше прогласена претставата „Пеликанот“,по текстот на А.Стриндберг, во изведба на независната театарска група од ИУ Еуропа Прима – Скопје, во режија на Теодора Сиљаноска.
Присутните изразиле голема поддршка за претставата „Синиот протокал“ и ја наградиле за најдобра. Pаботена по текст на Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, драматург е Kатерина Момева, сценографијата на Филип Коруновски, автор на музиката Сашко Костов.
Во претставата настапуваат Ерџан - Фаик Мефаилоски, др. Роберт - Самоил Стојановски, др. Костадин - Жарко Спасовски.
Претставата „Синиот протокал“ е одлично примена од велешката публика и пет години по премиерата уште е гледана и барана од гледачите.
Tweet |