Петар Печков
Објавено: среда, 18 мај 2016
По теркот на американската ракета ,,стингер,, во Македонија стаса исто такво ,,оружје,,. Само што оваа е против возачите кои бегаат од полицијата. Денес тој беше претставен, промовиран пред медиумите, на показна вежба и во Велес. Неа ја организираше СВР Велес, заедно со екипите на полицајците од ПС во Велес, Кавадарци и Неготино.
Ова е проект на ЕУ за стратешка поддршка на МВР. Овој стингер систем, служи за принудно запирање на возила, кои се во бегство. Се спроведува во целата држва, сообраќајните полицајци имаа обука и се надевам дека за кратко време ќе го добиеме во редовното работење - најави Роберт Павлов заменик командир на Полициска Станица за Безбедност на патен ссообраќај во Велес.
Tweet |