речник контакт

Претходните два дена двајца велешани заразени со ковид-19, четворица оздравени

Бројката на активни случаи во велешко е 31

Петар Печков

За претходните два дена  во Велес регистрирани се да нови случаи со ковид-19 а четворица се оздравени. Така бројката на активни случаи во велешко е 31, вкупниот број на заразени е 205, оздравени 161  и 13 починати.

Вчера беа регистрирани два случи на двајца мажи на возраст од 35 до 40 години и се на домашно лекување. И двајцата не можат во епидемиолошката анкета да прецизираат од кого се заразиле. Има четворица оздравени сите се од домашно лекување - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.  

На инфективно одделение од велешка Болница има 18 лица, од нив 16 биле потврдено позитивни за двајца се чекаат резултати.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »