Петар Печков
Објавено: сабота, 28 јануари 2012
Општина Велес организира пречек за двајцата велешки ракометари, членови на репрезентацијата на Македонија Владимир Темелков и Дејан Манасков. Пречекот и дружењето со нив е во 12 часот пред зградата на Општина Велес.
Со големиот успех 5-то место во Европа, и залагањето на теренот, овие двајца репрезентативци ни го полнеа срцето изминатиот период. Затоа велешани да им кажеме благодарам за се што направија за нас.
Tweet |