Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 декември 2006
Локалната власт на општина Велес ќе организира пречек на Новата година во центарот на градот, најави градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.
- Велешани и сите гости новата 2007 гопдина ќе можат организирано да ја пречекаат во Младинскиот парк, каде во највеселата ноќ ќе ги забавуваат рок групата Суперхикс, оркестарот Агушеви и фолк пејачката Маријана Мишева - најави Коцевски.
Дочекот е организиран со помош на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје и ќе започне на 31 декември во 21.30 часот и ќе трае до половина час по полноќ.
На дочекот ќе има и богат огномет а просторот ќе биде озвучен со 40 илјади вати озвучување.
За оваа намена од градската каса се одделени 250 илјади денари.

Tweet |