речник контакт

Пречистителна станица за водите од Горно и Долно Јаболчиште

Итно е потребна изградба на ваков објект заради квалитетот на водата за пиење на велешани

Петар Печков

Директорката на  Центарот за јавно здравје, Флорентина Ристовска Шурбевска апелираше до Владата на средбата со неа, да се започне со изградба на пречистителна станица за отпадните води од селата Горно и Долно Јаболчиште.

Велес десет години плачеше по вода а може да е случи десет години да плаче од водата за пиење. Причина за ова се отпадните фекални води од селата Горно и Долно јаболчиште кои директно се влеваат во езерото Лисиче од кое градот се снабдува со вода за пиење. За овој проблем зборував и додека бев член на УО на ЈВП Лисиче но немаше решение. Мора да е случи што поскоро заради здравјето на велешани – рече д-р Флорентина Шурбевска Ристовска.

За овој проблем се заинтересира премиерот Никола Груевски и веднаш побара ангажман од министерот за транспорт и врски.   Тој пак ги повика двете општини Велес и Чашка заеднички да аплицираат со проект , по кој Владата ќе одлучува да му одобри пари и тој да започне да се реализира.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »