Петар Печков
Објавено: вторник, 07 јули 2026
При семејно насилство жена со нож го прободела невенчаниот сопруг. Тој во животно загрозувачка состојба е пренесен во Скопје. Деталите од информацијата на полицијата и болница.
„На 6 јули во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг“ – информира Ана Милеска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен.
Против Т.Д. е поднесена кривична пријава за кривично дело убиство во обид, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик стоено при семејно насилство, за кое е предвидено казна доживотен затвор. Таа се наоѓа во Основен суд Велес.
Од велешка болница информираа за карактерот на повредите на невенчаниот сопруг.
„Примен е пациент кој бил прободен со нож во пределот на градите на прием свесен. Направено е компјутерско иследување и поради тоа што се работело за животно загрозувачка состојба истиот е препратен на клиника за градна хирургија за натамошен третман“ – соопшти д-р Анамарија Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа
| Tweet |




