Петар Печков
Објавено: четврток, 02 септември 2021
Заврши теренската вакцинација во велешко, која започна на 12-ти јули а траеше се до крајот на месец август. Екипите на Здравствен дом Велес посетија педесетина населени места од три општини, Велес, Градско и Чашка.
За месец и половина аплицирани се 2.314 вакцини „Синовак“. Во општина Чашка каде беа посетени најмногу 24 села 975 вакцини, во општина Градско со осум населени места -573 и во велешко 766 за 16 села.
„Некои од лицата кои не примија втора доза вакцина на терен, дојдоа во пунктот во Здравствен дом и беа вакцинирани. Деновие има голем прилив на граѓани од населени места каде при террнската вакцинација, немаше интерес , сега самоиницијативно доаѓаат во пунктот и се вакцинираат“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт.
Но некои места имаше висок одѕив, како што е Градско, каде се потрошија сите 160 вакцини, додека пак во Горно и Долно Јаболчиште само пет лица беа заинтересирани да бидат вакцинирани.
Во соседната општина Лозово, вакцинацијата ја спроведе екипа на Здравствен дом Свети Николе а таму најголем интерес имаше во населбата Лозово, каде екипа беше во пет наврати да ги вакцинира жителите и биле аплицирани околу 200 вакцини.
Tweet |