речник контакт

Приватните доктори бараат ист третман со пациентите, кога тие се пациенти

Доколку за еден месец на најдат замена, нивната ординација се гасне а тие и медицинските сестри остануваат на улица а слободни, невработени доктори во земјава немало

Петар Печков

Приватните доктори и стоматолози од земјава  можат да останат на улица ако користат долготрајно боледување.   Тие се судруваат со проблем бидејќи не можат да најдат замена, откако невработени доктори во земјава  скоро и да немало.  Затоа  бараат промена на законската регулатива, кога тие  користат  или се на боледување.  

Во пракса тоа  било згасната приватната ординација, докторот ќе мора да се лекува приватно а сестрата ќе остане без работа.    Ова се актуализирало, откако изминатиот период неколку нивни колеги приватни доктори, во повеќе градови во земјава морале да заминат на боледување, некои поради породилно други поради болест. 

Се судруваме  со сериозна проблем , каде повеќе доктори од примарното здравство  поради нарушено здравје мораат да одат на подолготрајно боледување. Во овој период неговата замена, колегата не може да одговори на  предизвикот да работи со толку пациенти на подолг  период,  а примарен е   проблемот со квотата за препишување на лекови.  Имаме ситуација што слободни, неработени  доктори нема   на Агенцијата за вработување. Бројот  на млади доктори кои се слободни и можат да се вклучат во приватното здравство е околу нула.  Доколку за  месец дена не се најде замена за подолг период, со   ново вработен лекар, се гасне ПЗУ. Тоа ги  остава докторите кои заминале на боледување а се сопственици на ординацијата како невработени. Тие  ќе мораат да плаќаат лекување приватно, ги остава вработените медицински сестри на улица  - вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватните лекари на Македонија.

 Затоа тие барат суштински реформи во  правната  легислатива, во однос на договорите. Тие како приватни доктори имаат нивни решенија, кои ќе ги понудат на надлежните од Министерството за здравство и Фондот за здравство.   Со идентичен проблем  се судруваат и стоматолозите од земјава. 

И покрај позитивните примери  на реорганизација на здравствениот систем, има поединечни моменти кои доведуваат, дека има потреба од усовршување на здравствениот систем. Секојдневната пракса покажува дека е потребна еднаквост и ние докторите кога ќе бидеме  пациенти, да имаме ист третман како и пациентите кои ние ги лекуваме, да не бидеме обесправени - рече  д-р Петре Саздов претставник  на приватните стоматолози од Велес.  

Приватните доктори  нивните решенија за надминување на ваквата состојба ќе ги доставеле до налажените и очекуваат брзo решавање, во интерес на пациентите. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »