речник контакт

Приватните доктори од понеделник протестираат, три дена нема да примаат пациенти, бараат повисока капитација

Од февруари, кога беше последниот протест, ништо конкретно не се случи ниту во Министерство ниту во Фондот на ФЗО. Понудивме и решенија, но досега ништо не е поместено- вели д-р Лили Чолакова Дервишова

Петар Печков

Откако министерот за правда Беким Сали испрати порака дека барањата на приватните лекари не се прифатливи, од понеделник, тие започнуваат со протест. Три дена тие  нема  да работат со пациенти, но ќе бидат на нивните работни места и ќе примат само итни случаи.  Велат дека тоа што го бараат е суштинско за опстанокот на приватните доктори.

„Ова што го бараме е суштинско и за приватните доктори во примарното и секундарното здравство. Од 2018 не е покачена капитацијата, ниту буџетот кај лаборатории, специјалисти, рурални доктори. За илустрација, индустриска струја плаќаме 30 години а познато е каква е нејзината цена годинава и плус се најави тешка енергетска зима.   Од февруари, кога беше нашиот протест, ништо конкретно не се случи ниту во Министерство ниту во Фондот на ФЗО. Понудивме и решенија, но досега ништо не е поместено, освен што се променуваат министрите и директори на ФЗО“ - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ). Тие реагираат на бараат промена на законската одредба пациентите да бидат врзани со ПЗУ, режимот на препишување на лекови.

 „Руралните доктори се на раб на егзистенција. Дали со 75 илјади  денари може да издржат да опстанат. Некои мора да патуваат од Велес за Градско, Лозово, од Прилеп за Самоков и Македонски Брод. Тие амбуланти се пред затворање. Каде ќе одат граѓаните кога ќе останат без доктор“ - додава Чолакова Дервишова.

И додека таа вели дека за сите проблеми имаат понудено решенија, Министерот за здравство Беким Сали објаснува  дека шест месеци дискутираат за наоѓање решенија, но и дека промени не се прават во краток рок или под притисок. Тој не го поддржува најавениот штрајк, бидејќи, како што вели, не може преку пациенти да се бојкотира работа.

Лошата состојба со докторите во приватното здравство  предизвикало последните пет години од 1,8 илјади бројот на доктори да се симне на 1.436. Тие потсетија дека во јаваното здравство платите неколку пати се покачиле, додека кај нив капитацијата е 63 денари, важечка од 2018 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »