Петар Печков
Објавено: четврток, 03 март 2022
Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) утре нема повторно да работат со пациенти со „Мој термин“ туку само со итни случаи.
Ова доаѓа како нивен револт, оти на последната средба со заменикот министер за здравство Владимри Рендевски, на која подоцна се вклулчил и министерот за здравство Беким Сали, беше договорено за една до две седмици, да се формираат работни групи а ништо не се реализирало.
„Требаше да се оформат работни групи, кои ќе работат по проблематиката која не допира. Рокот кои сами си го дадоа од Министерството помина и УО на ЗПЛМ одлучи да се продолжи со протест. Очекувавме неколку точки да се придвижат, режим на лекови, покачување на вредноста на капитација. Точките за работа ги определивме,која е за со Министерството за здравство, која е со Фондот за здравство“- кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛМ.
Одлуката ја донел УО на Здружението на приватни лекари, кога во неделата одржал седница и последниот рок до кога чекале да се договори состанок, бил денес до пладне. Бидејќи никој не се јавил ниту од Министерството за здравство ниту од Фондот за здравство, протестот ќе се одржи утре.
По средбата од пред две седмици, заменикот министер за здравство Рендевски, потврди дека една третина од приватните лекари во земјава од 1,4 илјади членови, земаат минимална плата.
Tweet |