Петар Печков
Објавено: вторник, 04 октомври 2022
Приватните доктори се во исчекување, дали Владата ќе ја реализира најавата за покачување на капитацијата .Во време на нивниот протест, на почетокот на септември, се појави документ во јавноста со нова повисока вредност на капитацијата на приватните доктори, и со повисок бод за приватните стоматолози.
Од Здружението на приватни доктори велат дека засега тоа е само парче хартија без законска обврска некој да го спроведе.
„Се појави документ со кој Владата им наложува на Министерството за здравство и на Фондот за здравство, во рок од 60 дена реализација в на нашите барања, кои се таргетирани заедно со овие државни институции. Чекаме тој документ да се официјализира во Службен весник“ - вели д-р- Лили Чолакова Дервишова претседател на ЗПЛМ.
Приватните доктори велат дека досега се изнаслушале вакви ветувања, но малку се реализирале. Затоа чекаат период од два месеци кој Владата сама си го дала, рок за одлуката за повисока капитација на 75 денари за приватните доктори и поголем бод на 61 денар за приватните стоматолози, биде официјализирана.
„Сведоци сме дека вакви документи имало и досега, истите завршувале во фиока. Членството ќе чека до почетокот на ноември, што ќе се случи, дали од зборови ќе се премине на дело. Ако не се реализира извесно е дека ќе има порадикален протест“ - кажа д-р Чолакова Дервишова.
Приватните доктори чекаат и промена на Правилникот,за пациент на Приватна ординација, да не се случува докторот на чие име е ординацијата, кога ќе се пензионира, тој што работи како колега и медицинската сестра да мора одат под Биро како невработени.
Tweet |