речник контакт

Приватните лекари бараат како што е покачена партиципацијата во јавното здравство, повисока капитација

Вреднувањето на трудот треба да е еднаков кон сите, за да можеме да имаме квалитетно примарно и секундарно здравство а не само терциерното здравство да ужива привилегии - кажа д-р Чолакова Дервишова

Петар Печков

Приватните лекари од Македонија реагираат што партиципацијата во јавното здравство е покачена додека капитацијата  кон нив, не е. Претседателот на Здружението на приватни лекари д-р Лили Чолакова Дервишова на прес конференција  упати барање за еднаков третман на јавното и приватното здравство.   

Го поздравуваме покачувањето на платите во јавното здравство, но изразуваме незадоволство од игнорантскиот однос кон приватното примарно и секундарно  здравство кои се со договори со Фондот за здравство.  Од почетокот на годинава покачени се цените на ДРГ услугите во болниците, со што е покачена и партиципацијата за пациентите.  Цените се покачени за едни 15 а за други услуги 9 отсто.   Вакви корекции мора да има и кај нас. Да ја потсетам јавноста дека за сите години од 2001-ва  капитацијата е покачена само еднаш од 45 на 55 денари. И толку. Инфлација има или за сите, не само за јавното здравство а нашите услуги остануваат исти иако покачувањето на трошоците за работа се секојдневни. Не се покачени ниту буџетите на специјалистите кои работат со ФЗО. Кога споменуваме партиципација во приватно здравство веднаш се крева прашина а кога се покачува во јавното здравство владее молк.  Згора на тоа на приватното здравство капитацијата и буџетите им доцнат три месеци, последна добиена имаме за октомври- кажа д-р Чолакова Дервишова.    

Таа посочи дека поради подобрите плати постоел тренд  медицинските сестри да  си заминуваат во јавното здравство.  Докторка  од Виница не можела да најде да вработи медицински сестра.  Специјалист  -интернист, имал така скромен буџет со години не променет, што не можел кредитите да ги исплатува за апаратите што купил.   

Д-р Лили Чолакова Дервишова  побара при првиот ребаланс на Државниот Буџет итно треба да се стави и покачување на капитацијата  за приватните лекари и буџетот за специјалистите.     

Наместо да се засили примарното здравство, кое кај нас е приватно и е чувар на здравјето на луѓето, кај нас се ослабува.  Колегите прашуваат дали треба да добиеме Министер за приватно здравство, за да не бидеме толку запоставени и игнорирани. Не може народните пари постојано и континуирано да се насочуваат  кон  јавните Болници и приватните Болници кои имаат склучено договор со Фондот. Вреднувањето на трудот треба да е еднаков кон сите, за да можеме да имаме квалитетно примарно  и секундарно здравство. За некој да биде награден во терциерно здравство, друг одработува во примарно и секундарно. Досега не слушнавме бројки од ,,Мој термин,, кои одат во прилог на ова дополни - д-р Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари од Македонија кое брои околу 1,5 илјади доктори.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »