Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 јуни 2014
Повисока капитација и враќање на партиципацијата побараа приватните лекари за да можат д а ги исплатат К-15 и повисоки плати од 0,5, со кои биле законски обврзани. Освен ова бараат повисоки цени и за алкохолот и цигарите, од кои дел ќе завршува во здравството.
Сакаме да платиме К-15, апаратите да работат, но здравството не е бесплатно. Состојбата во приватното здравство е дека финансиски е неиздржлива и е потребна итна средба со надлежните од министерството. Каква беше каптацијата кога е воведена во 2001 година, каква е сега во 2014-та. Што во овие 13 години е воведено како давачки во примарното здравство, кои траба да ги плаќаме. Најново е да се плати К-15 и 0,5 отсто покачување на платите на вработените. Ние како сопственици не можеме повеќе да издржиме. Капитацијата кога била осмислена во 2001-та не постоеле К-15 и многу други давачки кои во меѓувреме се воведени како што е електронското здравство Не е финансиски издржливо да се стават нови давачки во примарно здравство без поместување на вредноста на бодот. Затоа бараме работна средба, бодот да оди на 100 денари и воведување партиципација од 50 денари. Во Европските земји буџетот за здравство секогаш се полни од покачување на цените на алкохолот, цигарите – изјави д-р Лили Чолакова Дервишова, која како претседател зборуваше во името на Управниот одбор на ЗПЛМ.
На неделниот одбор дури имало и барање за прекин на работата, кое засега било ставено настрана. Прво чекаат да се остварат работни средби со Министерството и со Фондот за здравство. Приватните лекари реагираат и на воведувањето на протоколите за лекување.
Добро е да има протоколи и има унифицирано работење . Тие не се соодветни за нашиот систем. Ние како практичари констатиравме дека голем дел од нештата кои се напишани не се компатибилни со нашата средина и нашето здравство. Протоколите се воведени без наше согледување, според американски систем. Има протоколи за примарно,секундарно, терцијарно здравство секој по три страни тоа се 4 илјади страници. Така децата со течна столица три дена не треба да примаат антибиотици туку само про-биотици. Која мајка, кој пациент ова ќе го дозволи, веднаш ќе не пријават за несовесна работа или ќе бараат за си заминат од нас како матичен. Потребно е да се информираат нашите пациенти за овие новини, за да нема незадоволни граѓани – вели д-р Чолакова Дервишова.
Тие биле напишани на четири илјади страници, кои докторите ќе треба да ги прочитаат. Велат летово наместо стручна литература ќе се посветат на оваа обемна материја, колку Војна и Мир, Ана Каренина и уште некоја друга литературна класика, заедно. Тие како лекари ги осудија трите минатонеделни инциденти, напади врз лекарите и додаваат дека ,,тоа не смее да биде секојдневни,, и дека докторите треба да се заштитат со Закон.
Tweet |