речник контакт

Приватните лекари со протестен марш на белите мантили

Проблемите се сериозни, имаме неколку барања доставено до Фондот и Министерството, кои се круцијални за опстанокот на приватните доктори

Петар Печков

УО на Здружение на приватни лекари  донело  одлука  поддржана од  сите координатори по региони,  да се организира протестен марш на белите мантили. Во него ќе бидат вклучени докторите од примарното и секундарното приватно  здравство. Причина бил игнорантскиот однос на Фондот за Здравство и Министерството за здравство за барањата на приватните лекари.   

 Донесена е одука за организација на протестен марш, но немаме датум. Чекаме поддршка и од Лекарската комора. Проблемите се сериозни, имаме неколку барања доставено до Фондот и Министерството, кои се круцијални за опстанокот на приватните доктори. Едно од нив се боледувањата на докторите. Проблемот на колешката Виолета од Виница се уште не е решени, што говори за незаинтересираност за непочитување на докторите, немање желба за одлука за надминување на проблемите, во интерес на граѓаните.  Овој проблем може да се случи и на доктор во било кој друг град во земјава, бидејќи медицински сестри нема. Тоа што министерот Филипче  изјави дека има илјада, тие се на хартија на Агенцијата за вработување, во пракса нема, си одат од државата- изјави д-р Лили Дервишова Чолакова претседател на Здружение на приватни лекари.   

Протесниот марш би започнал од пред  Лекарската комора а докторите пеш би оделе  до Министерството за здравство. Здружението на приватни лекари на Македонија брои 1533 доктори. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »