речник контакт

Приведен велешанец, кој агресивно се однесувал кон полициски службеници

По документирањето ќе биде поднесена соодветна пријава против сторителот

Петар Печков

Вторникот попладне, велешанец агресивно се однесувал кон полициски службеници, поради што бил лишен од слобода. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 21 мај  во 18.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.С.(64 год) од Велес затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се заканувал на Б.И.(50 год) од Велес“ – соопшти Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

За настанот  бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес и по  документирањето ќе биде поднесена соодветна пријава против сторителот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »