Петар Печков
Објавено: петок, 12 јули 2019
МВР информира за настан кој се случил во Битола, каде две лица принудувале деца да продаваат предмети а парите им ги земале.
На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола- соопштија од МВР.
По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Tweet |