речник контакт

Приведен граѓанин кој го нарушил јавниот ред пред одделението каде се издаваат лични документи

Полицијата по документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава

Петар Печков

Полицијата привела граѓанин, кој  го нарушил јавниот ред и мир пред одделението каде се издаваат нови лични документи. Реакцијата на приведениот  следела по гужвите кои таму се создаваат.  

„На 24јануари  во 9 часот во Велес, полициски службеник од СВР Велес го привел В.Б.(45 год) од Велес затоа што пред објектот на Одделението за управни работи Велес го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата по  документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 фото архива ТРМР јули 2018

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »