Петар Печков
Објавено: недела, 24 октомври 2021
Околу пладне, денес, недела, велешката полиција лишила од слобода двајца велешани. Во нивниот дом била пронајдена марихуана, но и дигитални ваги и крушуми. Едното од лицата се сомничи за разбојништво.
„Денеска 24-ти октомври, околу 12.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Л.Л.(35) и С.Т.(46), двајцата од Велес. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, куршуми калибар 6,35 мм, шприц со непозната течност, неколку дигитални ваги, пасош на име на друго лице и други предмети. Л.Л., исто така, се сомничи дека е сторител на кривично дело "разбојништво"- соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Tweet |