Петар Печков
Објавено: четврток, 24 септември 2020
СВР Велес доцна вечерва, излезе со информација са вечерашниот инцидент, кога дрвокрадци од прилепско, нападнале патрола на полицијата.
Околу 20 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле бесправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка. Досега се приведени четири лица - соопшти Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Двајца од полицајците кои биле во патролата, се потешко повредени, едниот од нив има повреда на череп и е итно префлен на Ургентен во Скопје, вториот полицаце е со рана на стомакот и е во шок соба. Трите други полицајци, од ПС Чашка, кои биле во патролата, според портпаролот на велешка Болница имаа полесни телесни повреди.
фото архива
Tweet |