Петар Печков
Објавено: среда, 07 јуни 2023
Деновиве Р.Е. на Македонија Пат -Велес привршува со асфалтирањето на регионалниот пат кој минува низ Речани. Овој пат беше сериозно оштетен, бидејќи се користи како влез за тешките возила кон Чашка и Азот, со правец од Гевгелија и Штип.
Во должина од 2 км. се асфалтира патот на делница од крстосницата кај Башино село до Штипска рампа. Вредноста на инвестицијата е во висина на 20 милиони денари, обезбедени од ЈП За државни патишта.
Со ова во целина ќе биде реконструиран и асфалтиран патот од мотелите кај Езеро Младост преку Речани до излезот во Велес, кај крстосницата и влезот од автопат од Скопје за Велес со вкупна должина од 10 километри.
Градоначалникот Марко Колев се надева дека добрата соработка со ЈПДП ќе продолжи и во иднина.
фото Општина Велес
Tweet |