речник контакт

Признание за Младен Најдовски Бади како „Легенда на светската продавница за плочи“

Бади е колекционер на винилни изданија и има неколку илјади вредни грамофонски плочи

Петар Печков

Младен Најдовски Бади, колекционер на плочи од Велес, на во саботата одржаниот „Record Store Day“ доби признание за неговото хоби, собирање на грамофонски плочи, винилни изданија. (прочитај повеќе за неговото хоби) 

Честа да биде промовиран во нова македонска „Worldwide Record Store Legend 2023” му припадна на Младен Најдоски, кој е  долгогодишен пасиониран колекционер со особена страст кон винилите и редовен посетител на европските но и на ретките македонски независни музички продавници. 

Младен во неговата колекција има неколку илјади грамофонски плочи, некои ретки и многу  финансиски вредни.  Од класика, преку блуз, џез, до македонски фолк и шлагер.  Започнал  да собира  1968 година на 11 години возраст,  а прва купена плоча била синглката на Ролингстоунс „Сатисфекшн“.

Во изминативе четири години оваа почест ја добија Васја Ивановски 2017 година, Владимир Мандичевски- Манде  2018, Бранислав Димитров- Бране  2019, Гордан Калајџиев 2021 и лани 2022 година Љупчо Јолевски.

„International Record Store Day 2023 е дневно дружење пред платото на МКЦ во Скопје. Овој интернационален „Ден на независните музичките продавници“ во светски рамки се одржува од 2007, а во земјава годинава се организира по шести пат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »