Петар Печков
Објавено: недела, 07 октомври 2012
За постигнатиот резултат Кристијан Ефремов, велешкиот олимпиец на ЛОИ во Лондон 2012 градоначалникот на Велес, Горан Петров му врачи признание. Амблемот на градот изработен во стакло е подарокот со кој Ефремов ќе го потсетува на неговиот настап на трката од 400 метри.
Тогаш Кристијан го подобри неговото најдобро време и истрча за 47,92 секунди со што подобри својот резултат за 34 стотинки и на крајот го зазеде 44-то место до 50 натпреварувачи. Ова се случи на полувремето од фудбалскиот натпревар од третата лига Југ каде Борец со 4:0 победи незначајна прилепска екипа. Навивачите пак освен аплауз на Ефремов му скандираа ,,Ти си наша гордост, ти си наша гордост,, .
Tweet |