Петар Печков
Објавено: среда, 15 септември 2021
Признанието за најуспешен млад земјоделец, годинава му припадна на Антонио Ангеловиќ од Лозово. Наградата е доделена од Здружението „Современо земјоделство“ на манифестацијата за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“.
Земјоделското производство за Анѓеловиќ е традиција која тој ја продолжува со сериозност и одговорност која ја носи оваа професија. На 700 хектари одгледува житарки и има 15 хектари лозје, а произведува и семенски материјал.
Последните две години има купено два нови трактори, комбајн и приклучна механизација и има изградено силос и магацински простор. Тој вели дека ако се работи професионално и посветено, од земјоделието може добро да се живее.
На манифестацијата на која присуствуваше и министерот Арјанит Хоџа, беа доделени и награди за најуспешен сточар, тутунопроизводител, полјоделец, градинар, лозар, пчелар, овоштар, рурална жена.
Tweet |