Петар Печков
Објавено: недела, 14 декември 2014
по повод светскиот ден на планината 11 декември, денес на 14 декември се одржа традиционалниот марш Скопје - Матка. За 6 часови, на маршот учествувале 300 планинари од повеќе градови во Македонија, од Велес 8-мина.
По завршувањето на маршот, Тодорче Ѓоргиев доби признание од Федерацијата на планинарски спортови за учество на Македонската екипа во експедицијата Елбрус 5642. Ова е негово второ признание, по ланското кога го доби за освојувањето на врвот Дамаванд 5671 во Иран.
Признание доби и осумгодишната Нена Ѓоргиева за планинарска надеж
Tweet |