Петар Печков
Објавено: петок, 10 мај 2019
Со доделување признанија и забава беше одбележан 5- мај Светскиот ден на акушерките и 12-ти мај Светскиот ден на медицинските сестри и техничари, Неделата на сестринството. Годинава овие датуми имаат свое мото ,,Глас што води, здравје за сите, достапни 24/7, од раѓање до смрт,, за акушерките е,, бранители на женските права,, а на медицинските сестри и техничари е ,, темел на квалитетна, достапна и пристапна нега, спасуваат животи и го подобруваат здравјето и добросостојбата,,. Традиционално, со години наназад медицинските сестри, техничари и акушерките се собираат да одадат почит на највредните, да разменат искуства и да се дружат.
Сакаме да дадеме значење на професија на медицинските сестри, техничари и акушерки, оти тие се првите што доаѓаа во контакт со пациентите, но и со здравите кои сакаа да го сочуваат своето здравје. На болните им помагаат да им се олесни болката, страдањето. Акушерките се први кои доаѓаа во контакт со новороденчето и тие ја имаат најубавата задача да помагаат при доаѓањето ан свет на бебето - кажа Ружица Нацева, претседателка на општинското Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки од Велес.
Во ова здружение има околу 170 сестри, техничари и акушерки од Велес. Годинава признанија наместо поединци добија одделенијата. И тоа медицински сестри и техничари од интерното одделение, инфективното одделение, одделот за неврологија и психијатрија и одделот за физикална медицина и рехабилитација при ЈЗУ Општа Болница Велес и патронажната служба при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Годинава ЈЗУ Општа Болница Велес доби акредитација за три години. Ги искористивме оценките при оценувањето на работата од надлежните, бидејќи сестрите, техничарите и акушерките дадоа исклучителен придонес во оценувањето за акредитацијата. Од ЈЗУ Здравствен дом Велес сестрите од патронажнта служба , како најуспешни од нивната област - рече Нацева.
Благодарница доби медицинската сестра Олгица Мојсова Пепелашева, за нејзината помош при набавката на неколку нови апарати- донација во ЈЗУ Општа Болница Велес.
Централната прослава на ниво на Македонија, за неделата на сестринството ќе се утре во Скопје. Таму ќе бидат доделени и републичките признанија за медицинските сестри и акушерки.
Tweet |