речник контакт

Признанија за најредовните читатели на велешка библиотека (фото)

Почест и за најмладиот и највозрасниот читател

Петар Печков

По повод патрониот празник, годишнината од смртта на Гоце Делчев, велешката библиотека на најредовните  читатели им додели  признанија. Нив ги добија и најмладиот и највозрасниот читател. На овој начин локалната библиотека  им се заблагодарува на околу трите  илјади членови, дел во одделот за возрасни дел во одделот за детска литература.

Благодарници за редовноста  од одделот добија  Ацо Давчевски, Слободанка Србиновски и  Аница Петрова. Кај младите најчитатели за минатата година се Наталија Купенкова, Марина Стојанова и Вероника  Гиовска.  

Најмлад  читател е петгодишната  Каја  Венинова а Никола Стојанов  со 92 години како највозрасен.  На Каја омилени и се детските бајки - Заспаната убавица, Ариел.  Доктор Стојанов освен што  чита тој и пишува.

На младите им порачувам дека со читање книги нема ништо да загубат, напротив ќе бидат побогати. Сега пишувам книга, тоа е моја трета и се надевам до крајот на годината ќе ја  претставам на јавноста  - рече педијатарот Стојанов.

Тој напиша книги за ,,Здравствената култура кај велешани,, и  за ,,Панче Васков,,.  Фондот на библиотеакта е околу 100  илајди анслови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »