Петар Печков
Објавено: четврток, 14 март 2013
Општинскиот Црвен Крст по повд 17-ти март, денот на крводарителите, ги награди најхуманите поединци и организации, кои покажале одлични резултати во минатата 2012 година.
Благодарница за најдобра организација добија ЈП Македонија пат Р.Е. Велес, Средното училиште Јовче Тесличков, Населба Чашка, Факултетот за туризам дисперзирана настава во Велес и психологот Билјана Митева од ООУ Блаже Конески. Плакети за 100 кратно дарување крв добија Кире Цветков, Нуредин Ахмедов, Миле Димовски и Горан Чолаков. За 75 пати дарувана крв признанија добија: Ангел Шамбилов, Тодорче Дончевски, Нуија Абдуловски и Роберт Николиќ.
Минатата година Црвениот крст од Велес собрал 4.076 крвни единици што е 219 отсто остварување на планот. Оваа количина е сборана и преку 32 добротворни акции, а повеќето 2633 крвни единици се собрани самоиницијативно во Одделението за трансфузиона медицина во Велес. Од крводарителите 700 биле жени а дури 450 се нови лица кои прв пат ја подале раката.
Претседателот на Црвениот Крст на Република Македонија, воедно претседател и на општинската организација д-р Мичо Трајков изрази јавна благодарност до градоначалникот Горан Петров кој во неговиот четиригодишен мандат, несебично се вложил и помагал директно и индиректно во работата на ова институција.
Tweet |