Петар Печков
Објавено: вторник, 23 мај 2023
Локалната власт ги награди и им оддаде признанија на најдобрите просветни работници. Повод за свеченост беше Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј, 24 мај. Признанијата се за учебната година што изминува, 2022/23..
Признанието за најдобар наставник во општинските средни училишта до доби Марјан Малинов од „Коле Неделковски“ кој предава стручни електор предмети а Сениха Брзева од ОУ Панко Брашнаров од општинските основни училишта за предметна настава, предава математика. Признание за наставник во одделенска настава годинава не се додели бидејќи немаше никој пријавено.
„Оваа награда е лична сатисфакција за вложениот труд. Предлогот за награда е од колегите од работа, што ќе рече дека некој друг сметал за моето вложување во работата“ - рече Малинов кој е 22 години во образование.
Годинава со неговите ученици освоил три први места на државни натпревари, едно второ и едно трето место., сите се во оваа учебна година.
„Признанието годи,. посебно кога е од колеги. Толку вложувања во образование на деца, на ученици. Посебно на тие за државни натпревари. Тоа е закружување на еден дел од кариерата“ - кажа Брзева. Таа по втор пат го добива ова признание, по тоа од 2012 година.
Од 2018-та, се доделуваат признанија и за најдобрите ученици во општината. Помеѓу учениците во средно образование најмногу се истакна Ана Бошкова, ученичка во втора година, во Гимназијата „Кочо Рацин“, додека кај учениците во основно образование признание доби Христијан Саздовски, ученик во основното музичко училиште „Стефан Гајдов“.
Наградата оратор на Општина Велес за 2023 година и беше доделена на Јана Пљокова, ученичка во прва година во Гимназијата Кочо Рацин. Пљокова ја доби наградата на првиот оратоски натпревар „Словото – исконска светлина’, организиран од Општина Велес.
Присутните во општинската сала ги поздрави градоначалникот Марко Колев кој изрази благодарност за писменоста што ни ја подарија светите браќа Кирил и Методиј и за нивниот огромен придонес во развојот на македонскиот јазик и идентитет.
„Им честитам на годинешните добитници на наградите, нека им бидат поттик за понатамошни успеси, а ние ќе продолжиме да вложуваме во развојот и афирмацијата на македонскиот јазик и идентитет“,кажа градоначалникот Марко Колев.
Tweet |